Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.
– Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да види дека постои реално мнозинство за да помине Договорот од Преспа и да биде ратификуван од грчкиот парламент. Според тоа, не постои никакво прашање, никаква причина за нас, да отвориме во овој момент предизборна дискусија, изборна дискусија или нешто такво, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на текстот во „Катимерини“ дека Договорот од Преспа носи и избори во Грција, порано од предвиденото, Ѕанакопулос, во интервјуто, коментира дека уште од 2016, континуирано слуша сценарија за предвремени избори и вели дека грчкиот премиер сака да го заврши четиригодишниот мандат одреден со Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст