Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“. Како што соопштија од партијата, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања, капитулантскиот договор со Грција, престојниот референдум за промена на името и корупциските афери и скандали на власта, односно масовниот грабеж кој се одвива зад сцената.
„Коалицијата ‘За подобра Македонија’ го потврди ставот дека не може да се согласи со капитулантскиот договор со кој се брише името, јазикот и идентитетот на државата.
Претседателот Мицкоски на коалициските партнери им го соопшти ставот на партијата кој се базира на достоинството и разумот на граѓаните, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ имаат право да им наложуваат на граѓаните како да постапат по едно вакво историско прашање од кое не зависи само иднината на сегашните, туку и на идните генерации. Само политичари кои се длабоко навлезени во криминал и кои знаат дека народот ги прочитал и очекува да си заминат би се плашеле од давање на доверба на граѓаните сами да одлучат. Само политичари со црни петна зад себе, кои не веруваат и го потценуваат народот, може да се сомневаат во неговиот капацитет“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ по средбата.
Било истакнато дека Република Македонија се наоѓа во многу тешка и деликатна ситуација, пред сè, како што стои во соопштението, поради неодговорноста на политичари и луѓе водени од желбата за остварување на личен профит и комодитет, додека ги распродаваат државните и националните интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст