| четврток, 6 декември 2018 |

„Катимерини“: Три сценарија за Грција зависат од референдумот во Македонија

Три можни сценарија се предвидени за периодот меѓу октомври и декември 2018, во зависност од исходот и резултатот од референдумот согласно временскиот период предвиден во Договорот од Преспа, објавува грчкиот весник „Катимерини“.

Според првото сценарио, исходот од референдумот во Македонија е позитивен и веднаш започнува процесот на уставна ревизија.

Според второто, исходот повторно е позитивен, но опозицијата останува со непроменет негативен став и се распишуваат предвремени избори.

– Во овој случај процесот за ревизија на Уставот ќе се финализира на крајот на јануари-почетокот на февруари 2019, пишува “Катимерини”.

Третото сценарио, според весникот е негативен исход од референдумот, „Договорот од Преспа не важи и се се враќа на почетна точка“.

Во шематскиот приказ посветен на временскиот период согласно договорот, „Катимерини“ ги споменува февруари и март како можни термини кога би било гласањето во грчкиот парламент. Мај е месецот кога во Грција ќе се оджат тројни избори (локални, регионални и евроизбори), а во септември следната година завршува четиригодишниот мандат на грчката Влада.

Весникот, како што јави дописничката на МИА од Атина, во текстот под наслов „Скопското прашање носи избори во мај“, времетраењето на грчката Влада, директно го поврзува со Договорот од Преспа, по изјавите на Панос Каменос и Алексис Ципрас за нивната соработка во коалиционата влада поради различните ставови во однос на решението меѓу Македонија и Грција. Весникот потсетува на изјавите на двајцата коалициски партнери на одвоените прес-конференции во Солун.

– Доколку договорот се достави за одобрување од грчкиот Парламент во февруари или во март 2019, повлекувањето на Независни Грци ќе ја принуди СИРИЗА да продолжи како еднопартиска малцинска влада и да ја одведе земјата на избори. Секако, господинот Ципрас го спомена октомври 2019, но сепак е јасно дека продолжувањето на животот на владата за 6 месеци по гласањето на Договорот од Преспа со малциски владин состав веројатно е невозможно, анализира весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top