Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Горан Мисовски од НСДП, кој обвини дека „предавнички и кукавички го оценува ставот за референдумот на највисоките партиски органи на ВМРО-ДПМНЕ“.
Мисовски се сомнева дека зад ваквата одлука на партиските тела стојат сите членови на ИК и на ЦК на опозициската партија.
„Иако обвинувате, Вие не знаете што е кукавичлук.
Кукавичлук е да поддржите предавнички договор, со кој се менуваат името, идентитетот и историјата на својот народ.
Кукавичлук е да потпишете капитулација, поради функционерска фотеља.
Кукавичлук е да се откажете од својот народ и да го терате да си ги смени личните карти пасошите.
А, уште поголем кукавичлук е, откако ќе го направите сето ова, Вашиот идеолошки ментор и водач Заев да бега од дебата, за да не се соочи со вистината.
И да, кукавичлук е кога сопствениот срам го криете со напади врз други, само за да не се дознае колку сте малодушни и штетни за својата земја“, напиша Стојаноска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст