| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија фрустрирана: Пред да влезат во ЕУ, балканските земји нека си ги утврдат границите

Австрија е фрустрирана поради граничните спорови меѓу некои членки на ЕУ, како оној меѓу Хрватска и Словенија, по затоа смета дека земјите од Западниот Балкан своите проблеми со границите треба да решат пред зечленувањето во Унијата, изјави денеска раководителот на Одделот за проширување на ЕУ при австриското Министерство за надворешни работи, Клаус Волфер.

Говорејќи на конференција посветена на австриското претседавање со ЕУ во Сараево, Волфер нагласи дека токму поради граничниот спор во Унијата постоеле резерви и кон приемот на Кипар, а проблемот со границите е дополнително актуелизиран и поради спорот меѓу Словенија и Хрватска околку разграничувањето во Пиранскиот Залив.

– Претседавањето на Австрија со ЕУ претставува можност за нејзините претставници да им порачаат на политичарите од (балканскиот) регион дека меѓу поважните цели е и решавањето на граничните прашања, бидејќи тие локални прашања треба да бидат решени пред приемот во ЕУ, додаде Волфер.

Според него, текот на европските интеграции на балканските земји ќе зависи од „три чвора“ – односите меѓу Македонија и Грција, преговорите меѓу Србија и Косово и начинот на кој ЕУ ќе одговори на предизвиците што доаѓаат од САД, Кина и Индија.

– Првиот (чвор) ќе биде лесно решен, бидејќи компромисот е речиси тука, па поради тоа Македонија би требало да биде интегрирана не само во НАТО, туку и во процесот на придружување кон ЕУ, изјави Волфер.

Што се однесува до односите меѓу Блеград и Приштина, Волфер оцени дека работите тука се посложени, но додаде оти сепак значајно е тоа што дијалогот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top