Откако утрово беше блокиран за сообраќај, белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од ооклу 11 часот повторно работи. До неколкучасовен засој утрово дојде откако патнички авион на авикомпанијата „Египет Ер“ без патници слетал на аеродромската писта, каде застанал поради технички проблеми.
Како што јави Танјуг, станува збор за египетски авион од типот „Боинг 737-800“, кој на белградскиот аеродром слетал во 4.11 часот. Управата на аеродромот соопштила дека проблемот со египетскиот авион настанал откако му се блокирале сите четири тркала.
Поради временото затворање на аеродромот, сите авиони на компанијата „Ер Србија“ што претпладнево требаше да слетаат во Белград, беа пренасочени кон аеродромите во Ниш, Темишвар, Софија и Загреб. Од утрово беа одложени и 15-тина полетувања од „Никола Тесла“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст