„Скопјаните (sic) не треба да мислат дека Грција и Западот горат од желба да ги вклучат во НАТО… да ги направиме луѓе. На крајот на краиштата, што се тие? Албанци, Бугари и некои Грци во Монастири и Гевгели. Тоа се Скопјаните (sic).“
Ова не се зборови на антимакедонски хулиган, како оние што се собраа во Солун во неделата. Ова се зборови на Каменос, еден од клучните министри на грчката влада и лидер на помалиот партнер во грчката влада. Да, истата таа влада што пред неколку месеци постигна договор со македонската влада. Да, истиот тој договор што на крај ќе ги смени името и уставот на Република Македонија во замена за деблокирање на патот кон ЕУ и НАТО.
Сега замислете Али Ахмети или Бујар Османи, еквивалентите на Каменос од македонската влада, да дадат интервју и да кажат: „Грците не треба да мислат дека целиот свет напнато чека тие да го ратификуваат договорот. Ние не можеме да ги направиме луѓе ако тие не сакаат да станат луѓе“.
И сега замислете ја реакцијата на грчката влада на таквиот расизам и говор на омраза. Убеден сум дека тие може да отидат дури дотаму што да откажат сè. Најсериозно. Случајно знам дека има луѓе и во СИРИЗА што се согласуваат со Каменос за ова прашање, што веќе се премислуваат за ова прашање и што со нетрпение чекаат потенцијално негативно гласање на претстојниот референдум. Во секој случај, ова ќе биде сликата по замислените забелешки на раководството на ДУИ.
Единствената разлика е што неверојатните коментари на Каменос се реални. И два дена кружат наоколу. Не очекувам македонската влада да почне да бара објаснувања, извинувања или нешто слично. Но таквата вулгарна, отворена омраза и расизам не може да останат без реакција.
Во еден историски ден, кога Европскиот парламент ќе му удри шлаканица на Орбан поради неговиот расизам, ксенофобија и тоталитаризам, па и со помош на многу негови колеги во ЕПП, премногу ли е да се бара реакција од македонските власти? Се чини дека Европа конечно се буди и почнува да се потсетува на своите корени, принципи и идеали. А Македонија, која сака да стане дел од истата група вредности, ќе молчи ли за да не ги навреди Грците и да не загрози едно измислено пријателство?
Што е многу многу е. Мора да заземеме страни. Или ќе го осудиме таквото однесување или уште еднаш ќе голтнеме и ќе премолчиме, толерирајќи го. Додека не е предоцна.
Колумна на Јоргос Пападакис за МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст