Зоран Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да донесе став да повика да се гласа на овој референдум, а партијата и огромното мнозинство донесоа став кој е одговор на расположението секој да донесе одлука според сопственото убедување, односно одлука со која сите опции се во игра.
Единствено кој се согласи со Зоран Заев е Митко Јанчев, кој го прифати повикот на Зоран Заев.
-Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев.
На социјалните мрежи Јанчев веднаш беше нападнат дека на овој начин одработува за интересите на Зоран Заев и СДСМ.
Иако ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија во која се почитуваат ставовите и различните мислења на секој член, сепак, официјалната одлука на партиските тела треба да биде последна и секој член, особено од раководството, треба да го почитува официјалниот став на партијата, сметаат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст