| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ по тешкиот пораз од Шпанија: Си го распродаваме угледот кој тешко го стекнавме

Хрватите како втори на светското првенство ја почнаа Лигата на нации, но синоќа доживеаа тежок дебакл во Елче против Шпанија кога нивата мрежа се тресење шест пати. Капитенот Лука Модриќ разочаран од изданието на својот тим, предупредува дека мора да се промени пристапот.

– Тежок пораз од кој мора да извлечеме поука. Ако пристапот на секој натпревар не е како што беше на Светското првенство, тешко дека можеме да играме против било кој тим, а особено против некој како Шпанија, изјавил Лука.

– Почеток на сезона е, не сме во најдобра форма, но без разлика на тоа недозволиво е вака да го распродаваме угледот кој многу тешко го стекнавме. Ако извлечеме поука ќе биде добро, верувам дека ќе биде така. Најлесно е да се критикува и да се каже дека се не е добро, но тоа не сакам да го правам. Пристапот мора да биде поинаков, завршил Модриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top