| четврток, 6 декември 2018 |

Одложени сите полетувања и слетувања: Од рано утрово блокиран аеродромот во Белград

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од утрово е затворен за сообраќај, откако патнички авион на авикомпанијата „Египет Ер“ без патници слета на аеродромската писта, каде застанал поради технички проблеми.

Како што јави Танјуг, станува збор за египетски авион од типот „Боинг 737-800“, кој на белградскиот аеродром слетал рано утрово во 4.11 часот.

Поради временото затворање на аеродромот, сите авиони на компанијата „Ер Србија“ што претпладнево требаше да слетаат во Белград, се пренасочени кон околните аеродроми во регионот. Од утрово се одложени и 15 полетувања од „Никола Тесла“.

Управата на аеродромот соопштиле дека „прави максимални напори“ со цел пистата што побрзо да биде целосно функционална, нагласувајќи дека отстранувањето на египетскиот авион ќе зависи од техничките можности и од состојбата во која тој се наоѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top