Хрватската фудбалска репрезентација не дебитираше на најдобар начин во Лигата на нациите, па синоќа во Елче избраниците на Далиќ беа декласирани од Шпанија со 6-0.
Светските вицешампиони на овој натпревар настапија во изменет состав од СП, а тоа се почувствува и на теренот. Уште по првите 45 минути беше јасно дека домаќините ќе остварат висока победа.
Саул Нигез го отвори резултатот во 24-та минута, а до крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запишаа и Марко Асенсио и Калиниќ кој си постигна автогол.
На стартот од второто полувреме „Фуријата“ тргна одлично, Родриго зголеми на 4-0 во 49-та минута, а до 70-та година Шпанците веќе имаа убедливо водство од 6-0 благодарение на головите на фудбалерите на Реал Мадрид, Серхио Рамос и Иско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст