Под влијание на антициклонот Бојана до самиот крај на оваа недела ќе имаме стабилно, суво и сончево време повремено со умерена локална облачност а само во текот на денешното вторничко попладне ќе има локална и повремена позначителна облачност а само на планинските места има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд, објавува метеорологот Славчо Попоски.
Од друга страна пак од југ сме под влијание на топла воздушна маса која и понатаму условува вистински летни септемвриски температури на воздухот и истите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени додека за време на викендот кој доаѓа во југоисточните предели истите ќе се искачат дури до околу 35 степени и веќе температурите на воздухот ќе одат во оние кој се натпросекот за овој дел од годината.
Ув индексот и понатаму ќе има висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде од 6 до 7.
Ќе продолжи да дува умерен а особено попладнево засилен ветер од северен правец кој најмногу ќе биде изразен долж Повардарието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст