Дафина Стојаноска
– пратеничка
Во ова време на одлуки, на договори, на решавање судбини, прашањето кое најмногу ме мачи е следно: Кои сме ние да пресечеме?
Во предвечерието на претстојниот референдум кој, патем, е неуставно изгласан и со незаконски формулирано прашање, ме мачи она што ќе го пресудиме ние или не?
Кога народот би имал верба дека ќе се испочитува волјата на мнозинството, кога народот би имал верба дека сѐ ќе биде регуларно, фер и демократски, немаше да има ни потреба за вакво негово убедување или разубедување.
Секој од нас е дел од народот или е зрно песок во океанот. Секој од нас има свое размислување и, како полнолетен, има право да го изрази својот став. И, да, можеби зрното песок нема сила за големи бранови, но има бранови кои оставаат пустош на крајбрежјето. Повеќе би избрала да бидам зрно песок во океанот, отколку да оставам пустош.
Став да имаш – значи да се одлучиш за она, за што мислиш дека е најдоброто за тебе и за твоите деца. Кога веќе ги споменувам децата, има ли нешто помило и посвето од децата за еден родител? Секој ним им мисли најдобро. Токму така и треба да се размислува во овие одлучувачки денови: Што ќе направиме за своите деца? Дали ќе им обезбедиме „сигурна“ иднина (а, најсигурна е иднината која се потпира врз минатото) или ќе им го оставиме во наследство аманетот од нашите родители, родителите на нашите родители итн. Аманет е голем збор, а кога се мисли на оставштина, стара векови наназад, аманетот е света работа.
Мал е бројот на оние кои се против ЕУ и НАТО, тоа е факт. Но, проблем е тоа што е содржано во договорот со нашиот јужен сосед. Овој договор го подели мислењето на нашиот народ. И, не е за џабе. Бидејќи, со договорот се ставаат во прашање или се поништуваат нашите корени, нашата историја, нашиот јазик и нашето постоење. Ќе испадне дека ние воопшто не сме постоеле, дека сега настануваме, дека се поништуваме себеси како род. Дали заради ова треба да се прифати влезот во ЕУ и во НАТО?
Дали нашето постоење е уценето? Се уценува само човек кој е на мака. Точно е дека ние 27 години мака мачиме за да нѐ примат во ЕУ и НАТО, но дали е ова конечното и најразумното решение? Да се поништиме, за да не’ примат како членка, со ново име и со поништена историја.
Судниот ден е 30 септември или судниот ден беше на 17 јуни?
Јас ќе одберам да бидам ќерка на моите родители, внука на моите баби и дедовци, да бидам мајка на моите деца. Можеби еден ден и моите деца да ме осудат за оваа моја одлука, но јас ќе се потрудам да им објаснам дека НИКОЈ, па ни јас немав право да го сотрам коренот на семејното дрво.
На денешниов голем христијански празник, кога била отсечена главата на Св. Јован Крстител, јас им давам завет и им оставам аманет на моите деца: коренот на Македонија да не се отсекува. Можеби е тешко и ќе биде уште потешко, но Македонија е нашата мајка и нашата оставштина. Ние имаме имотен лист и тој гласи на Република Македонија. За грст или повеќе златници, не си се откажувам од мојата мајка.
Најтешкиот пат е најдолгиот, но и најисправниот. Јас одбирам да чекорам по најтешкиот пат, а со гордо исправена глава.
Одлучувам да бидам и останам македонка, да бидат и останат македонци и моите деца и внуци, колку и да биде тоа тешко и претешко.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст