| четврток, 6 декември 2018 |

Клучниот доказ во „Монструм“: Јавноста по 6 години го виде „опелот“ со кој се превезувале убијците кај Смилковско (фото – видео)

Заради зголемен интерес на претставниците на медиумите за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, денеска во текот на денот ќе се врши увид во возилото кое е дел од доказниот материјал, јавува ТВ 21.

Судиите од скопскиот Кривичен суд, Огнен Ставрев и Осман Шабани, заедно со обвинителите од СЈО, Фатиме Фетами и Гаврил Бубевски, денеска извршија увид на автомобилот „Опел омега“ за кој се смета дека бил употребен за бегство на осомничените во петкратниот масакр што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро.

На местото каде се наоѓаат возилата присутна е голема бројка на полицајци, екипа на СЈО, сите обвинети во случајот и адвокатот од семејствата на убиените момчиња.

Се работи за повторена постапка, откако Врховниот суд „Монструм“ го врати на повторно судење, токму поради тоа што само МВР ги имаше видено автомобилот, а на странките во постапката им подели само фотографии. Пресудите за сите шестмина обвинети беа доживотен затвор.

Денешниот увид се изврши во депото на Агенцијата за управување со запленет имот, во близина на скопско Миладиновци.

(Фото: ТВ 21 – видео: ТВ Шења)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top