| четврток, 6 декември 2018 |

Кочанец тешко повреден откако паднал од мотор, итно пренесен на скопските клиники

Фото: Архива

Ноќеска околу 1 часот по полноќ на ул.„Маршал Тито“ во с. Чешиново, кочанско, Ј.А. (19) од с. Чешиново, управувајки мопед „АПН 6“ со непознат регистарски број, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медициинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, по што , поради сериозноста на повредите, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа Полициската станица Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top