Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 88-та седница.
Како што соопшти владината прес-служба на предлог на Генералниот секретаријат на Владата, на седницата ќе биде разгледана предлог стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 -та година.
Министрите денеска ќе дебатираат и за информацијата за националниот акциски план за отворено владино партнерство со предлог национален акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020- та година.
На предлог на Министерство за труд и социјална политика, дел од точките на седницата е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
На дневен ред на 88-мата седница е и Предлог – законот за јавните набавки, предложен од Министерството за финансии.
Владата, како што се наведува во соопштението, денеска ќе расправа и за информација на Министерството за здравство, со акциски план за сексуално и репродуктивно здравје 2018-2020-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст