| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ продал 900.000 дресови минатата сезона

Францускиот шампион, Пари Сен Жермен минатата сезона продал 900.000 дресови, а од нив најмногу биле со имињата на Нејмар и на Килијан Мбапе. Парискиот клуб беше критикуван за висината на трансферите на овие фудбалери, откако за Нејмар беа платени 222 милиони евра, а за Мбапе уште 180 милиони евра, но сепак ПСЖ со нив двајца постигна и одлични маркетиншки резултати.

Интересен е податокот дека најмногу дресови се продадени во Азија, када за време на летната турнеја на ПСЖ стадионите беа преполни, а навивачите доаѓаа во дресови и со симболи на клубот.

Раководството на ПСЖ сака да го искористи овој тренд и да заработи дополнително, па поради тоа се дизајнира нов дрес, но не се прецизира кога ќе биде пуштен во продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top