| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски: Која е смислата да се излезе на референдум, кога тој не претставува никаква гаранција?

– После неодамнешната прошетката на луѓето од ЕУ и НАТО работите стануват појасни. Би можело да се рече дека станаа сосема јасни, особено по посетата на германската канцеларка Ангела Меркел. Референдумот за промена на името, историјата и идентитетот, според нив, не е ништо друго освен само предуслов од многуте други предуслови за влез во ЕУ и НАТО. Како поинаку да се разбере изјавата на Меркел дека: „Референдумот ќе значи отворање на портите за Македонија за влез во ЕУ и НАТО“, но дека „… потребно е уште многу работа, но предуслов е успешен референдум.“, пишува универзитетскиот професое, Љубомир Цуцуловски на Фејсбук.

– Тогаш, која е смислата да се излезе на Референдумот, кога тој не претставува никаква гаранција за членство, туку претставува само еден од многуте предуслови? Реално може да се случи македонската страна сè да исполни, но Грција, заедно со „меѓународната заедница“, да не ги исполнат ветувањата и ладно да порачаат дека сè уште не е дојден моментот за прием, бидејќи треба да се исполнат „само“ уште следниве пред/услови… Односно, да ни соопштат дека ЕУ нема намера да се проширува, додава Цуцуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top