Група неонацисти и ултра националисти, во неделата марширале во центарот на Софија во протест по повод годишнината од воспоставување на комунистичката власт во Бугарија. Тие минале низ центарот на градот, се до споменикот на жртвите на комунизмот.
Обраќајки се до јавноста, лидерот на “Националниот отпор”, Благовест Асенов, рекол дека Бугарија мора да се врати во бугарски раце и во рацете на бугарските националисти.
На собирот се носеле маици со ликот на Адолф Хитлер како и голем транспарент со фотографија од Бенито Мусолини, како и и познати бугарски лидери од периодот на сојузништвото со нацистичка Германија. На маршот имало и бугарско знаме од почетокот на колоната на кое пишувало: “Сите Бугари заедно – Босилеград”. Со ова насобраните директно повикале на распарчување на Србија, бидејќи Босилеград е општина во Србија.
Бугарските ултранационалисти бараат ревизија на границите и воспоставување на Голема Бугарија во која би влегле големи делови од Грција, Србија, Турција, Романија и цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст