| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Јегуновце – Желино: Со „Голф“ излетал од патот, удрил во бетонски столбови и се превртел

Вчера околу 01.50 часот по полноќ на регионалниот пат Јегуновце – Желино, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од П.С. (35) од село Раотинце, тетовско, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столбови, по што се превртело.

Возачот П.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top