| четврток, 6 декември 2018 |

Дебарчанка градела куќа на пат кој е во државна сопственост

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.К. (48) од село Џепиште, дебарско, за сторени кривични дела “узурпација на недвижности” и “бесправно градење”.

Во периодот од април 2018 до мај 2018 година на подрачје на Дебар, кај место викано “Манастирец”, пријавената, без да поседуваа соодветна документација, започнала со градежни активност за изградба на куќа, при што узурпирала парцела, дел од јавен пат во сопственост на Р.Македонија.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top