| четврток, 6 декември 2018 |

Се укинува работното време во недела

Новата италијанска влада до крајот на годината ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри. Целта е да се заштити традицијата на семејното собирање во недела, рече заменик премиерот Луиџи ди Маио.

Со цел да го поттикне економскиот развој на земјата, италиајснкиот премиер Марио Монти воведе либерализација во 2012 година во трговските центри во недела и покрај притисокот на католичката црква и синдикатот кои се залагаа за одржување на семејната традиција, пишуваат медиумите.

– Таа либерализација всушност го уништува италијанското семејство – изјави Ди Мајо, водач на движењето „Пет ѕвезди“.

Во почетокот на годината конзервативната полска влада го ограничи работното време во недела во трговските центри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top