Денес во судот има рочиште за срушената дивоградба на објектот Космос на бизнисменот и пратеник Фијат Цаноски. Овој предмет СЈО го нарекува ТНТ.
Денеска на целото рочиште се гледа снимка од надзорна расправа за овој случај, одржана во парламентот на РМ во 2011та.
Интересно е што иако на оваа расправа присуствувале и известувале медиумите, и истата се емитувала и на Собранискиот канал во тоа време, медиумите под контрола на СДСМ од судницата известуваат за делови од она што го слушаат на монитор во судницата од снимка од 2011та, како да сега прв пат ова го слушаат и гледаат, пишува „Курир“.
Ова уште еднаш покажува дека некои медиуми и особено портали постојат само за да го подржуваат СДСМ и напаѓаат ВМРО, дека за тоа се подготвени да ги манипулираат граѓаните до бескрај, и дека главна цел сега им е да дефокусираат од огромните проблеми на народот и државата кои СДСМ ниту може, ниту знае како, ниту сака да ги решава и особено да дефокусира од негативните реакции на граѓаните со насилничкиот начин на кој СДСМ планира да го менува името и озакони штетниот договор со Грција.
Инаку во случајот ТНТ се работи за класична дивоградба на која и од денешните снимки од надзорната расправа се гледа дека Фијат Цаноски писмено самиот и признал на општината дека изградил дивоградба.
Тој напишал во писмото дека кога со копање дошол до второто ниво под земја му се појавила вода, и на тој начин, спротивно на одобрението за градба одлучил да не го гради третото подземно ниво. За да го реши проблемот со појавената вода, Цановски требало да инвестира дополнителни 2 милиони евра, кои Цановски своеволно и спротивно на закон, како и спротивно на постапките на сите други инвеститори во земјата, решил да си ги заштеди, а потоа преку политички врски и ургенции да издејствува истото да му биде легализирано.
Од како не успеал во намерата, и од како објектот е срушен, Цановски отворил судски постапки до највисоко ниво, и сите до една ги загубил.
Цановски направил уште една грешка, повторно со цел да заштеди пари. Кога рушел, не ги срушил темелите, па така и ден денес доказот за дивоградба стои на лице место и може да се измери и провери.
Од тука, целосно неважно е што по телефон разговарале Никола Груевски и Миле Јанакиески, од причина што дивоградба постоела, и истата законски е отстранета. Неважно е дали Јанакиески и Груевски го сакале или не го сакале Цаноски, дали биле на иста или различна политичка страна. Дали го озборувале или му се потсмевале. Дали сакале или не да му помогнат.
Јасно е дека согласно закон, дури и да сакале не можеле да му помогнат, а при тоа некој од надлежните во општината да не се изложел на сторување кривично дело и одговорност пред законот.
По телефон можете да говорите што сакате, се додека со конкретни чекори не го прекршите законот. Во случајот постапено е согласно законот и тоа веќе го утврдил управниот суд, а го потврдил со конечна и правосилна одлука вишиот управен суд.
Единствено нешто на што Цановски се обидува да прикаже дека е во право, е мислењето на архитектот Мирослав Грчев, добро познат долгогодишен партиски функционер и градоначалник на СДСМ, кој со цел да му помогне на Цаноски, земал незаконска појдовна точка за котата на градење, неовластено го потпишал мислењето од името на архитектонскиот факултет и не е стручен во областа бидејќи е архитект, а мислење за истото требало да даде геодет.
Цаноски во однос на овој случај се надева, користејќи ја својата позиција како коалиционен партнер на СДСМ и актуелен пратеник, и вклопувајќи се во атмосферата на политичкиот притисок врз судот од страна на власта да издејствува незаконска судска одлука и да земе пари од државата и обвинетите во форма на наводна оштета.
Тој доаѓа и седи на секое рочиште иако во случајот има статус на сведок, а сведоците согласно закон не смеат да се присутни во салата. Но судијата Огнен Ставрев инаку комшија и пријател со Мирослав Грчев, го дозволува тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст