Незадоволни од работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители претставници на оваа бранша протестираат. Како што велат, во изминатите 2 години, ИСОС наместо да ја врши функцијата за која е создаден, за унапредување на сметководствената професија во РМ, во своето работење се соочува со сериозни неправилности во донесувањето на Актите за работа на ИСОС и нетранспарентност во изборот на органите на ИСОС.
Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) го тресат скандали и превирања откако во органите кои го управуваат, неодамна државата утврдила дека има непотизам, нетранспарентна постапка за нивниот избор, неправилности во работењето и сл. Oва го тврди група од педесетина сметководители и овластени сметководители членови на истоимениот институт ИСОС.
Како што информираат тие по одржувањето на последното собрание на 03.05.2018 година на кое според нив биле изманипулирани повеќе од присутните сметководители и овластени сметководители од досегашното раководство, односно собранието се одржало зад затворени врати и каде донесени некои сомнителни одлуки.
Во меѓувреме, дел од сметководителите деновиве се жалат дека „привремените“ органи кои се организатори на седницата на собрание закажана за денеска (10.09.2018) не им даваат на обичните членови – сметководители и овластените сметководители да присустувааат на закажаното според нив нелегитимно собрание во просторииите на скопскиот „Хотел Порта“ на кое пак треба надзорниот одбор на „Институтот“ со избрани членови вон закон и статут на (ИСОС) да избира ново раководно тело на органот како и да се гласа за акти за КПУ и финансиски план.
– Поради сите овие причини се повикуваат сметководителите и овластените сметководители да го изразиме нашето незадоволство по мирен пат, со мирен протест пред местото на закажаното нелегитимно за нас собрание и ги повикуваме надлежните институции посебно министерството за финансии да почне да делува согласно законите како и да дојде до итно менување на законот за вршење на сметководствени работи, се наведува во соопштението до медиумите на групата од сметководители и овластени сметководители на Македонија објавено на нивниот сајт.
Во продолжение го пренесуваме нивниот допис:
Почитувани,
Ние тука присутни С и ОС, денес сме дојдени преку мирен и достоинствен собир да го изразиме нашето незадоволство од се она што се случува во поглед на работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители.
Имено, во изминатите 2 години, ИСОС наместо да ја врши функцијата за која е создаден, за унапредување на сметководствената професија во РМ, во своето работење се соочува со сериозни неправилности во донесувањето на Актите за работа на ИСОС, и нетранспарентност во изборот на органите на ИСОС.
Министерството за финансии-како надлежна институција веќе реагираше преку контрола и со Записник со утврдени неправилности ги задолжи органите на ИСОС да постапат по забелешките од Записникот. Во самиот записник беа ставени рокови кои ИСОС требаше да ги испочитува и да постапи по истите. Но, наместо почитување на записникот, работата на Институтот целосно се блокираше.
Се случи скандалозното собрание на 03.05 каде што спротивно на Статутот на ИСОС и Деловникот за работа на подружниците ниту еден став на подружниците не беше испочитуван.
Имено од ИСОС согласно неговиот Статут се формирани подружници на територијален принцип. Од подружниците на ИСОС се изберени претставници како членови на Собранието на Институтот и е донесен Деловникот за работа на подружниците според кој членовите на Институтот (сите сметководители и овластени сметководители) се должни да постапуваат.
Согласно Деловникот за работа на подружниците на ИСОС, избраните претставници во собранието, добиваат мислења и препораки од членовите (сите сметководители и овластени сметководители со живеалиште во таа подружница). Избраните претставници во Собранието се должни да постапуваат согласно овие мислења и препораки и да ги пренесат ставовите кои се донесени од страна на Подружниците.
На Собранието на ИСОС кое се одржа на 03.05.2018 година се случи скандалозно менување на Дневен Ред со ставање на една точка за разрешување на членовите на Упарвниот Одбор по барање на група на претставници на Собранието.
Оваа Барање беше спротивно од самите насоки кои ги добија претставниците на Собранието и согласно постоечките Акти, кое е потврдено и со Известување од страна на Управниот Одбор на официјалната веб страна на ИСОС.
Денешново Собрание е продолжување на кршење на Законот за вршење на сметководствени работи, Статутот на ИСОС и Актите кои се донесени врз основа на овој Статут.
1. Иницијативата за одржување на собрание е доставена од група претставници во Собранието до Надзорниот одбор наместо до Претседателот на Управниот одбор.
А. Самата Иницијатива е без предложен Дневен Ред на седница на Собранието и не се консултирани сите сметководители и овластени сметководители за поднесување на ваква Иницијатива преку одржување на седници на Подружниците:
Б. За денешното собрание претставниците на Собранието спротивно на Деловникот за работа на подружниците не одржаа седници по Подружниците на ИСОС и покрај објавата од страна на Надзорниот Одбор за нивната законска обврска. Затоа денес тие постапуваат своеволно и надвор од Законските рамки.
2. Денешното Собрание е закажано од страна на Надзорниот Одбор наместо од Претседателот на Управниот Одбор согласно Законот за вршење на сметководствени работи.
Затоа сметаме дека намерата на денешното нелегитимно закажано собрание е зад затворени врати и под притисоци и манипулации да се изгласаат одлуки и акти за исполнување на нечии лични интереси.
Затоа, денес стоиме тука, во знак на протест и незадоволство и бараме:
1. Да се направи Инспекцискиот надзор од страна на Министерството за финансии за законитоста на денешното Собрание.
2. Исто така го повикуваме Министерството за финансии, како надлежен орган, да даде времена мерка за запирање на сите акти кои денес ќе се изгласаат до завршување на Инспекцискиот надзор. Со тоа сметаме дека ќе се запре нанесување на штета врз работењето на ИСОС и ќе се запре потребата од правна разрешница на оваа ситуација.
3. И конечно, бараме итна интервенција од МФ со цел темелна промена на ЗВСР бидејќи се согледа нефункционалноста од досегашниот Закон, а со тоа да добиеме сметководствена професија која ќе се носи со светските трендови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст