| четврток, 6 декември 2018 |

„Мејд ин Маседониа“ заминува во историјата: Потеклото на производите ќе содржи придавка и фуснота

Потеклото „Мејд ин Маседониа“ (Made in Macedonia) кај македонските производи ќе се замени со епитетот „македонски“, но и со посебна фуснота на која ќе се добјаснува дека „производот е од Северна Македонија“. Вака е предвидено во трговскиот дел од преспанскиот договор со Грција, пишува „Фактор“.

Според Бојан Маричиќ, советникот за европски прашања во кабинетот на премиерот Зоран Заев и технички преговарач со ЕУ, прашањето околу „мејд ин маседониа“ станало актуелно  кога Заев изјавил оти Македонија нема да има ексклузивност на ова потекло.

– Познатиот напис „Made in Macedonia“ се заменува со зборовите „македонска конфекција (облека) “, или „македонско вино“, на пример, но, ќе има и посебна ознака дека производот е од Северна Македонија, според она што треба да биде спроведено по ратификувањето на договорот од страна на двете страни – вели Маричиќ.

Тоа во превод значи дека ако во Македонија се произведени панаталони кои се продаваат надвор, на нив ќе стои дека станува збор за „македонка облека“, а ќе биде додадено дека производот е од Северна Македонија

Инаку премиерот Заев пред три дена потврди дека грчките компании ќе имаат право да го превземат „Made in Macedonia“, но само ако го исклучат „Made in Greece“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top