Глобализацијата поттикната со појавата на интернетот придонесе рекреативната употреба на дрогата стана светски проблем. Во последните неколку децении се смени и начинот на конзумирање дроги, па така се користат се повеќе дроги во исто време.
Одамна е познатно дека хероинот што се набавува на улица често содржи мешавина од дроги. Хероинот се добива од морфиум од млечниот сок на афион (Papaver somniferum). Екстрахираниот морфиум реагира со анхидритот на оцентната киселина и се претвора во диацетилморфин, односно саканата дрога хероин.
Хероинот што се купува на улица обично е помешан со бензодијазепинити и барбитурати. Бензодијазепинитите, лекови против анксиозност, се додаваат за намалување на стресот по конзумурање хероин. Кога телото ќе го исфрли хероинот од системот, тој процес може да предизвика псевдоепилептиен напад. Некои барбитурати се користат за контрола на епилепсија, па се додаваат заради намалување на опасноста од напад по конзумирање хероин.
Нови трендови
И покрај општиот тренд на намалување на користењето рекреативни дроги во Велика Британија, податоците покажуваат дека младите конзумираат повеќе кокаин, како и таканаречена „мајмунска прашина“, синтетичко стимулативно средство кое има слично дејство како кокаинот и амфетаминот.
Кокаин
Понекогаш трендовите се последица на настојувањата да се најде дрога или комбинација на дроги која има сличен ефект како дрогите кои се тешко достапни, или прескапи.
Во Русија, „крокодил“ – домашна верзија на синтетичкиот опиоид дезоморфин – претставува евтина алтернатива на хероинот. Брзо се добива од кодеин, но неговото користење може да предизвика физички повреди, како и штетни последици поради самото конзумирање.
Поевтини, комбинации на дроги можат да се создадат од социјално-економски причини. Во Јужноафриканската Република се појави дрогата „Њаопе“ која содржи хероин со послаб квалитет, канабис и антиретровирални лекови ефавиренз и невирапин.
Некои антиретровирални лекови, вклучувајќи го и оној во „Њаопе“ предизвикуваат халуцинации и дисоцијативни нарушувања кои ги карактеризира нагла промена на функционирањето на свеста, идентитетот и меморијата.
Кокаин.jpg
Некои луѓе користат мешавини од дроги затоа што трагаат по поинтензивно, поинакво возбудување. Во Пенсилванија постоеше тренд на мешање на хероин со фентанил. Фентанилот кој е 50 до 100 пати посилен од морфиумот и 50 пати посилен од диацетилморфинот (и едното и другото содржат хероин) е особено опасен затоа што не мора да се конзумира, туку се апсорбира преку кожа и вдишување прав. Со самото тоа на опасност не се изложува само оној што го користи, туку и лицата кои доаѓаат во контакт со него (лекарите од брзата помош, форензичарите итн.).
Кога ќе се помеша со хероин и кокаин станува екстремно опасен.
„Сивата смрт“ содржи фенталнил, карфентанил (синтетички опиоид кој го користат ветеринарите за лекување големи животни), хероин и синтетичкиот опијат У-4770, кој е седум пати посилен од морфиумот, додека карфентанилот е 10.000 пати посилен од морфиумот. Само два милиграма карфентанил можат да бидат смртоносни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст