| четврток, 6 декември 2018 |

Една година го миела лицето само со вода: Колку се каам, а предоцна е

Американката која се претставува како Мелиса, направила експеримент, кој траел една година и открила што ѝ се случило за тоа време.

“Сè што правев во таа година беше миење со ладна вода и понекогаш со чај од камилица”, вели Мелиса.

“После првите два месеци, кожата целосно ми се исчисти. Мислев дека ова ми е најдобрата одлука во животот, но после шест месеци, приметив нови брчки, особено околу очите и устата.”

“Сфатив зошто тоа се случува – некогаш секое утро се мачкав со хидратантна крема, а навечер лицето го чистев со лосион и го мачкав со ноќна хидратантна крема. Претпоставувам дека мојата кожа има недостаток на хидратација, на која е навикната и затоа се појавуваат нови брчки. И покрај сè, одлучив да продолжам со експериментот, за да видам што понатаму ќе се случи и видов нови негативни ефекти од недостатокот на нега. Кожата ми стана толку сува, што постојано ме правеше нервозна.”

“Стана толку неподносливо, што понекогаш многу грубо го чешав лицето, иако со сите сили го избегнував тоа. Поради комбинацијата од сува кожа и чешање, почна страшно да се перути. Ми се појавија и акни. На крајот на експериментот, посетив дерматолог, кој ми ги објасни причините за сите непосакувани појави, кои ги претрпе мојата кожа.”

“Тој рече дека за сè е виновна хидратацијата, односно нејзниниот недостаток. Поради тоа ми се појавија брчките, кои тој ги оцени како предвремени и кожата стана опуштена и иритирана, поради сувоста. Акните ми се појавиле поради изоставувањето на лосион за чистење, тој вели дека само вода не е доволна за отстранување на нечистотијата од кожата. За среќа, дерматологот ми рече дека не е сè изгубено и дека мојата кожа повторно ќе ја врати својата еластичност и влажност, со правилна нега.”

“Ми нагласи дека не треба да купувам скапи креми, бидејќи повеќето од нив се преполни со хемикалии кои ја иритираат кожата и така ќе мора да купам уште една крема, која ќе ги неутрализира непосакуваните ефекти од првата крема, и така постојано во круг.Ми препорача природни производи, кои се прават во аптека, како што е природното кокосово масло.”

“За жал, брчките кои ми се појавија, не можам да ги избришам и токму поради тоа сакав да го споделам моето искуство со вас, за да не ја повторите мојата грешка”, заклучила несреќната девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top