Камерниот оркестар на Македонската филхармонија достојно ја претстави Македонија во Казахстан, одржувајќи два концерти во Алмати и Астана, по повод Денот на независноста – 8 Септември. Концертите беа одржани пред преполни сали и поздравени со овации од страна на тамошната публика.
Под водство на маестро Борјан Цанев и со солистката Анна Кондратенко на виолина, Камерниот оркестар изнуди бурни аплаузи за изведбата на делата од Моцарт, Вивалди, Григ и Пјацола – додека пак со овации беше проследена изведбата на делото „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски.
Амбасадорот Илија Псалтиров како и директорот на Државниот филхармониски оркестар во Алмати го изразија своето задоволство од настапот на македонскиот оркестар и ги истакнаа заложбите за понатамошно интензивирање на културните врски меѓу двете земји. Концертот во Астана, пак, беше по повод одбележување на 27 години на независноста на Македонија и Казахстан, како и 20 години „Астана главен град“, а одржан пред високи претставници и дипломати. Пристуните и оркестарот ги поздрави заменик министерот за надворешни работи на Казахстан.
Со овие настани беше промовиран почесниот конзул на Р.М. во Алмати, г-дин Султан Мукшаев, кој исто така даде голема поддршка за турнејата на Македонската филхармонија во Казахстан.
– Имав средба со директорот на Филхармонијата во Алмати, г-дин Далел Зеинешевич Ушаев, со кој се договоривме за взаемна соработка и во иднина – вели директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.
– Во наредниот период, во 2019 година, во салата на Македонската филхармонија ќе гостува нивен ансамбл. Почестени бевме што пред концертот добивме пригодни подароци од Филхармонијата во Алмати. Всушност, и двете филхармонии, и во Алмати и во Астана, ни дадоа голема поддршка за нашето гостување, и во однос на инструментите и во однос на превозот, односно за целата организација, и се покажаа како извонредни домаќини. Како уметник со искуство кој имал бројни настапи надвор од државата, овој пат посебно сакам да истакнам дека амбасадорот Илија Псалтиров е исклучително редок пример за професионален третман на уметниците – заврши Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст