| четврток, 6 декември 2018 |

„Читање на времето“, „Кумова слама“ и „Соголен јазик“ во најтесен избор за наградата „Антево перо“

Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во текот на оваа седмица ќе го соопшти наградениот авторски наслов, а во најтесен избор се стихозбирките „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слама“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска.

Жири комисијата во состав Венко Андоновски (претседател), Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), на својот последен состанок констатираше дека од листата на десетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, три поетски наслови посебно се издвојуваат со нивниот квалитет.

– Комисијата по темелно разгледување на ракописите и детална дискусија околу вредностите на пристигнатите дела во најтесен избор за наградата ги избра следните стихозбирки: „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слама“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска. Редоследот нема вредносно значење, соопшти Жири комисијата за наградата „Антево перо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top