| четврток, 6 декември 2018 |

Подем на екстремната десница на изборите во Шведска

Шведска, по се изгледа, успеа да одолее на националистичката треска предизвикана од миграциската криза во Европа, оценува францускиот весник „Монд“.

Весникот наведува дека првичните резултати од вчерашните парламентарни избори покажуваат дека левицата и десницата се речиси изедначени, со тоа што екстремната десница ги подобри своите позиции што ќе и овозможи поголемо влијание во политиката во земјата.

Вообичаено премиер станува претседателот на партијата што добила најголем број гласови, но со оглед на изедначените резултати тешко е да се направат какви било предвидувања, пишува „Монд“.

Францускиот весник оценува дека во следните недели се очекуваат долги преговори за формирање Влада. И покрај тоа што десната популистичка партија Шведски демократи постигна полош изборен резултат отколу во период 2010-1014 година, таа успеа да се наметне во политичката дебата и од неа ќе зависи кој од двата блока ќе дојде на власт.

Десно ориентираната опозиција е решена да ги симне од власт социјалдемократите, но за да има стабилно мнозинство ќе треба да излезе од „изолацијата“, што досега и пречеше на екстремнодесната партија да обезбеди директно политичко влијание. „Монд“ истакнува дека седум од десет приврзаници на конзервативците се против тоа „да се подаде“ рака на екстремната десница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top