Американскиот сенатор, кој претседава со Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон ја продолжи балканската турнеја во Белград. Од него се очекува да ја пренесе поддршката на Доналд Трамп за договорот меѓу Белград и Приштина. Џонсон, кој важи за еден од најблиските соработници на Доналд Трамп, продолжува на Косово, а веќе ги посети Грција и Македонија.
Оваа посега на Белград не е прва на „сенаторот за специјални мисии“. Во Србија бил и во февруари годинава, кога во фокусот, исто така, беше косовското праашње, а српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш од него побарал да „ги замоли косовските Албанци да бидат подготвени за компромис“.
Важноста на Балканот
За Џонсон Балканот има големо значење. На минатогодишната конференција на Атланскиот совет на САД во Вашингтон, на која бил претставен извештајот „Балканот напред – нова американска стратегија за регионот“, Џонсон објаснува зошто е важно Западот да му се посвети на Западниот Балкан.
-Ако не обрнеме внимание и не направиме се што можеме да ги зајакнеме тие врски и да му помогнеме на Балканот да стане економски стабилен, ќе ја пропуштиме оваа точка во нашата историја, наведува Џонсон.
Џонсон важи за умерен републиканец, кој има интересен однос со американскиот претседател.
Во најголема мера го поддржува во настапите во медиумите, но за разлика од многу блиски соработници на Трамп, не го поддржува по секоја цена и не се плаши да ги изнесе своето мислење кое е спротивно од она на шефот на Белата куќа.
Џонсон беше против воведување тарифни мерки кон Кина и трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг, за што отворено го критикуваше Трамп на Твитер.
„Го поддржувам Трамп за реципрочната трговија и неговиот напор да ја запре кинеската кражба на американската интелектуална сопственост. Но, мораме да престанеме самите на себе да си нанесуваме перманентна штета на американската економија со тарифи и трговска војна“, пишува Џонсон.
Рон Џонсон не е само сенатор. Тој претседава со комисијата за државна безбедност и со Поткомитетот за Европа при Одборот за надворешни работи во американскиот сенат. Тој е бизнисмен од Висконсин, кој пред помалку од деценија стапи на вашингтонската политичка сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст