Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес беше во Кичево со цел да ги убедува граѓаните да излезат на референдум и да гласаат за промена на уставното име на Република Македонија.
Но, кичевчани си го кажаа своето, бојкотирајќи го настанот на кој говореше овој висок функционер на СДСМ.
По повод граѓанскиот собир во Кичево на кој присуствуваше и говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кичевчани го пречека со транспарент кој беше поставен на влезот во градот на кој пишуваше ЧЛЕН 308 ЗАГРОЗУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА – извадок од Кривичниот законик на Република Македонија кој гласи: “Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст