| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е третманот што им помага на жените да доживеат оргазам?

Постои голема разлика кога станува збор за постигнување на оргазам кај мажите и жените. Имено, 64. проценти од жените доживуваат оргазам, во споредба со 91. процент од мажите, според Националната студија за сексуално однесување во Велика Британија.

Научниците од Универзитетот во Мичиген нашле, како што велат, малку бизарен метод кој го зголемува сексуалното задоволство кај жените, го интензивира оргазмот или води до оргазам на жени на кои до сега им биле тешко ад го достигнат.
Тие извршиле тестирање на девет жени со FSD. На жените им бил даден мал електро шок на зглобовите во близина на тибијалниот нерв, како и во гениталниот дел. Секоја од нив добивала третман кој траел помеѓу 12 и 30 минути еднаш неделно, а резултатите биле повеќе од задоволителни.

Осум од девет жени потврдиле значително подобрување на сексуалниот живот. Тие рекле дека повеќе не им требаат вештачки лубриканти и дека почнуваат да искусуваат многу поинтензивни оргазми.
Научниците веруваат дека ова е затоа што тибијалниот нерв е поврзан со ‘рбетниот мозок, кој, пак, ја пренесува стимулацијата до карлицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top