| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбо Агушев и оркестарот направија спектакл во Кавадарци и гаф на кој сите се изнасмејаа

Kралот на трубата, Џамбо Агушев, заедно со неговиот орекстар направи музички спектакл на градскиот плоштад во Кавадарци синоќа. Иако во Кавадарци пристигнаа директно од Германија, каде имале настап, тие не дозволија многубројната публика да го забележи нивниот умор. Се појавија на сцената расположени и свиреа од се срце.

Нивниот вокалист, Орфеј Чакаловски, најверојатно поради честите гостувања во повеќе градови, на почетокот на концертот на публиката и се обрати со зборовите

– Добра ви вечер Гостивар, по што Џамбо веднаш го поправи – Ало, Кавадарци е ова, не е Гостивар. -Техничка грешка, се извинувам – се насмеа Орфеј, по што доби аплауз од присутните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top