Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го посети Кавадарци по повод одржувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2018“.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов оствари средба со градоначалникот на Кавадарци, г. Митко Јанчев. Претседателот Иванов ја истакна важноста што производството на квалитетно трпезно и винско грозје ја има за целиот тиквешки регион. Градоначалникот Јанчев, заблагодарувајќи за присуството на претседателот Иванов, информираше дека во Кавадарци се регистрирани над 6.500 индивидувални земјоделци што поседуваат различни површини на лозов насад.
Целта на манифестацијата е традиционално одбележување на почетокот на бербата на грозје, преку симболично откинување на првиот грозд. По повод почетокот и славењето на гроздоберот по улиците на Кавадарци беше одржано и големо карневалско дефиле.
На „Тиквешкиот гроздобер 2018“ учествуваа домашни претставници како и гости од регионот, а на манифестацијата присуствуваа граѓани од цела држава, како и претставници од Владата и дипломатскиот кор во Република Македонија.
Тиквешкиот гроздобер традиционално се организира од 1964 година и претставува можност Кавадарчани покрај традицијата на одгледување на виновата лоза, да го презентираат најдоброто производството на вино и ракија од овој регион. Овој настан што истовремено претставува стопанска, туристичка и културна манифестација се совпаѓа со празнувањето на денот на ослободувањето на Кавадарци 7-ми септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст