Опозициските партии во Грција во парламентот бараат од владата на Ципрас да објасни како и зошто најголемата грчка корпорација за промет со електрична енергија PPC, под контрола на владата, ја презела македонската компанија за трговија со струја ЕДС, во сопственот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, непосредно пред потпишувањето на договорот од Преспа.
Барањето за објаснување беше предизвикано од откритието дека ППЦ, која има огромни долгови и речиси е пред банкрот, на Анѓушев за ЕДС веднаш му исплатила 4,8 милиони евра, и тоа во готово.
„Кој ја дал политичката наредба на ЕДС да ѝ се исплатат речиси пет милиони евра непосредно пред потпишувањето на договорот за името?“, прашува функционерот на Нова демократија, Василис Кикилиас и повикува на парламентарна истрага.
Пратеникот,пак, на Движењето за промени, Јанис Маниатис, побара владата да достави документи кои би го објасниле нејзиниот потег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст