| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски за инцидентот со фломастерот: Ако биде пријавен, МВР ќе го третира Анѓушев како секој друг

Во интервју за „360 Степени“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека ако новинарот го пријави министерот Анѓушев, МВР ќе има ист однос кон него како и кон било кој пријавен граѓанин. – Ако биде пријавен ќе имаме ист однос, зошто да немаме ист однос, без разлика за што станува збор, за кој станува збор. Ние говориме за напади коишто беа пријавени во МВР во изминатата година дена, и сите тие напади беа расчистени до крај. И тоа беа сериозни напади. Јас воопшто и не знам дали имало некаков инцидентот, тоа слушнав од медиумите, но никаде не видов за таков инцидент на таа некоја средба којашто се случила – рече Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top