| четврток, 6 декември 2018 |

Овде не може да живеете ако немате оперирано слепо црево

Животот на Антарктикот не е лесен, особено ако земеме во предвид дека температурите се спуштаат и до -50 степени, па затоа некогаш жителите цели недели не излегуваат од дома.

Во селото Вила Лас Естерјас се наоѓа на Антарктикот, а се работи за истражувачка и воена база која е оддалечена од од првата поголема болница за 1000 километри. Луѓето овде може да се доселат доколку имаат оперирано „слепо црево”.

Тоа правило важи и за научниците и воените лица кои главно ја наслеуваат оваа база, но и за нивните семејства.

Во селото има неколку лекари, но никој од нив не е специјализиран хирург.

Поради ова оние кои доаѓаат мора да бидат подготвени дека операции не може да се изведат на лице место, па се прилагодуваат на ваквите услови за живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top