| четврток, 6 декември 2018 |

Еден приведен, неколку повредени во инцидентите на протестот во Солун против договорот од Преспа

Најмалку едно лице е приведено, а неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите на протестот во Солун против договорот од Преспа, според локалните медиуми.

Судирот меѓу демонстрантите и полицијата започна кусо пред 20 часот по локално време, а со прекини трае околу час и половина.Според локалните медиуми, мала група маскирани лица ја нападнала полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец. Страстите се смирија, протестот продолжи, но инцидентите се повторија неколку пати. Маскирани лица континуирано ја напаѓаа полицијата, кој одговараше до солзавец и шок бомби.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките новинари коментираат дека демонстрантите не се воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите.

Додека траат инцидентите во центарот на Солун, во непосредна близина на објектот каде што се одржува Меѓународниот саем, грчкиот премиер се обраќа на присутните на свеченото отворање. Алексис Ципрас говори за пост меморандумската политика на Владата, за визијата и планот Грција одново да се издигне економски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top