И ако, поединци се исчудуваа од каде потребата за повторно објаснување на соборската одлука од страна на најврвниот во православието, сега веќе не е тешко да се заклучи дека тоа барем дел, се должи на писмото што до него го испратил поглаварот на Српската православна црква Иринеј, а кое пред два дена го објави религиозниот грчки сајт Ромфеа.
Во писмото како што пренесува пак, македонскиот сајт Религија.мк кое инаку е пишувано на старогрчки јазик кој поглаварот на СПЦ не го знаел, ама го знаел Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ, кој веројатно е и вистинскиот автор, со многу погрдни зборови, говор на омраза и недоличности, Македонците се наречени неиспилени северномакедонци, а Македонија измислена државичка.

Македонците, македонскиот јазик и држава како и МПЦ, пишува во писмото потпишано од поглаварот на СПЦ, Иринеј, биле измислица на Комунистичка Југославија и на Тито.
Како МПЦ, според Иринеј, биле прогласени во тоа време јужните српски црковни епархии, кои на СПЦ и ги отстапила Цариградската патријаршија со Томосот од 1922 година.
Веројатно свесни за намерата на Вселенската патријаршија да ѝ додели автокефалија на МПЦ, Иринеј го советува Вартоломеј дека не можел начинот за автокефалност на Украинската црква да е применлив за како што ја нарекува поглаварот на СПЦ,МПЦ, расколничката црква. Ако не дај боже, стане вакво нешто , тоа ќе биде обистинување на мудрата грчка изрека, според која ,,после едно допуштено зло, илјадници зла следуваат, пишува меѓу другото Иринеј со замолница до Вселенскиот патријарх и Патријаршија, пред еднаш да пресечат три пати да измереле.
Целиот текст на Религија.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


