| четврток, 6 декември 2018 |

Безбедноста на Меркел загарантирана во мерцедесот за кој Груевски е под политички прогон (ФОТО)

Високите странски гости кои од средата се во државава, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, и германската канцеларка Ангела Меркел се возеа во „мерцедесот“ набавен од страна на претходната влада, за кој експремиерот Никола Груевски беше осуден на 2 годишна затворска казна.

Иако табличките на мерцедесот се променети СК-2936-АЦ во СК-4047-АП, сепак се работи за истото возило „мерцедес ЕС 600 Гард“, бидејќи тоа е единственото возило во земјата кое ги задоволува високите стандарди за безбедност на гостите од висок ранг.

Очигледно дека возилото е во одлична состојба и не е уништено и гребено од мачки, како што тврдеа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, штом сега се користи за делегацијата предводена од канцеларката Ангела Меркел.

Јавноста е сведок дека возило се користи за намената за која е купено, односно со него да се превезуваат делегации на странски земји и странски високи функционери, како и за други намени кога тоа го пропишуваат строгите протоколарни и безбедносни стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top