Полициски приправник отишол да го остави оружјето во магацин по завршувањето на смената, па испукал неколку куршуми во ѕидот во ходникот на полициската станица.
Во билтенот на МВР е заведено дека вчера околу 18:55 часот, во ходникот во Полициска станица Драчево приправник за полицаец, кој се упатил кон магацинот да го остави оружјето, испукал неколку куршуми на ѕидот, при што нема повредени лица. За настанот известен е ОЈО Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


