| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот избегал, мигрантите на Ургентен: Камион со мигранти паднал во провалија кај Катланово

 

На патениот правец Велес – Скопје пред тунелот Катланово товарно моторно возило „Ивеко”, во кое имало мигранти излетало од патот, соопштуваат од МВР.

По сообраќајната несреќа возачот на камионот избегал, а на мигрантите им била укажана лекарска помош во Комплекс клинки „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од полицијата велат во возилото имало 18 мигранти. Извршен е увид на местото на настанот, и во овој момент се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top