| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел ќе се сретне со Мицкоски, но не и со Иванов

Германската канцеларка Ангела Меркел, која предмалку стигна во Македонија, и со највисоки почести беше пречекана од премиерот Зоран Заев, подоцна ќе има средба и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Според најавата од ВМРО-ДПМНЕ, таа и лидерот Христијан Мицкоски, ќе имаат средба во 14 часот во Германската амбасада во Скопје.

На заедничката прес-конференција во Владата на РМ канцеларката Меркел, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не е предвидено да се сретне со претседателот Ѓоре Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top