| четврток, 6 декември 2018 |

Владина делегација положи цвеќе на вечните почивалишта на Трајковски и Глигоров

Владина делегација преводена од премиерот Зоран Заев денеска по повод Денот на независноста положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски и на споменикот „Ослободители на Скопје“.

Во составот на владината делегација беа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска

Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации од македонското Собрание, Кабинетот на претседателот на државата, претставници на дипломатскиот кор и граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top