Со сите државни почести, на платото пред Владата, македонскиот премиер Зоран Заев ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во прва официјална посета на Македонија.
Меркел воедно е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија.
Нејзината еднодневна посета е со цел да и даде јасна поддршка на нашата земја за Договорот од Преспа, но и да упати порака за успешност на референдумот со кој се отвораат вратите за евроатлантските интеграции на Македонија.
За деталите од средбата по еден час во холот на Владата ќе се оддржи заедничка прес конференција на македонскиот премиер и германската канцеларка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст