| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец излетал од патот Кичево – Охрид, итно пренесен во Клинички со тешки повреди

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 12:50 часот се случила кај селото Подвис, на патот Кичево-Охрид.

Од МВР информираат дека П.Б.(67) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “Пежо Партнер” со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал во нива.

-На П.Б. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во Комплекс клинки “Мајка Тереза ” во Скопје, велат од полицијата.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top