| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстранти во Ирак насилно влегле во фабрика и држат заложници

Демонстранти во Ирак насилно влегле во фабрика за преработка на вода која се наоѓа во нафтено поле „Западна курна 2“ на компанијата „Лукоил” и држат двајца Ирачани како заложници, изјавија извори од „Лукоил“ за ирачката полиција, а информациите ги пренесува „Ројтерс“.

Нафтеното поле на „Лукоил“ се наоѓа на 65 километри северозападно од Басра, каде веќе неколку дена непрекинато се слушаат детонации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top