За време на гостувањето во една утринска програма, Анастасија Ражнатовиќ откри дека не и’ пречи тоа што медиумите го следат секој нејзин чекор, затоа што сега имаат и причина за тоа.
„Од мала сум под будното око на јавноста, така што тоа воопшто не ми е непознато. По објавувањето на првата песна, речиси ништо не се смени, се’ е исто. Само што сега имам сопствена професија, па веќе не сум само ќерката на Цеца. Всушност, сега имам причина да се појавувам во медиумите“, појасни младата Ражнатовиќ.
Анастасија откри дека веќе не се нервира поради негативните коментари на сопствена сметка.
„Доста пати се случи нешто да ме погоди ида ме изнервира, особено ако е врзано за брат ми и за мајка ми. Замене и не толку. Последниве години навикнав на написите, има и добри и лоши страни на популарноста, така што веќе не ме допираат коментарите.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст