| четврток, 6 декември 2018 |

Појадувајте на овој начин и ќе ослабите 13 килограми

Ако сакате да го симнете вишокот килограми, никако немојте да го прескокнувате појадокот. Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе лесно можат да изгубат 13 килограми ако ја одберат вистинската храна за појадок.

Експертите советуваат дека вашиот појадок треба да биде богат со протеини (сирење, јајца, јогурт, јаткасти плодови) и влакна (овесни снегулки, леб од цели зрна, житарки). Ваквиот појадок ќе ви даде енергија, а ќе ви го забрза метаболизмот.

Се препорачува за појадок да внесете максимум 250 до 300 калории, а најдобриот трик за слабеење е прво да појадувате, а потоа да вежбате. На овој начин ќе го сочувате во телото само важните материи од појадокот, а ќе ги согорите јаглехидратите.

Како одличен појадок за губење килограми се препорачуваат јајцата (најдобро е да бидат варени) и овесната каша. Нема да погрешите ако додадете банана во кашата, која е вистинска енергетска бомба, и малку јаткасти плодови.

Резултатите нема да бидат видливи доколку не вежбате и ако во текот на денот не внимавате на количината на храна и производите што ги јадете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top